Челси од недела тргнува по најскапото засилување во историјата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси ќе продолжи со трансфери наскоро, а британските медиуми објавија дека ќе тргне во напад на Каи Хаверц од недела.

Хаверцго игра мечот со Баер Леверкузен во финалето на германскиот Куп, по што тој ќе се пресели во Челси, ако може да им се верува на британските медиуми.

Челси ќе тргне во лов на Хаверц со 90 милиони фунти на фудбалерот, колку што сака Баер за неговиот трансфер.

Не е ниту чудно што е толку многу скап, со оглед на тоа дека сезонава постигна дури 16 голови и додаде девет асистенции, а има само 21 година.

„Сините“ претходно за Вернер платија 53 милиони евра и за Зијех уште 40 милиони, а доколку го купат и Хаверц за 100 милиони евра, тогаш нема сомнеж дека Челси од следната сезона ќе почне пак да брка титули.