Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси, актуелниот светски шампион во клупски фудбал, пред неколку дена извојува победа од 2-1 против Ливерпул. Сепак, на таа средба недостасуваше Кол Палмер поради повреда. Иако првично прогнозираа дека младиот офанзивен играч за врска ќе биде во игра веднаш по репрезентативната пауза, најновите информации укажуваат дека неговата состојба е покомплицирана.
Како што пренесува „Би-Би-Си“, Палмер има повреда која ќе го држи подалеку од фудбалските терени барем до ноември. Тренерскиот состав на „сините“ одржал состанок каде е одлучено да не се ризикува со неговото предвремено враќање, за да се зачува комплетно здравјето на играчот.
Од ова произлегува дека Англичанецот ќе ги пропушти следните натпревари против Нотингем Форест, Ајакс, Сандерленд, Вулверхемптон и Тотенхем.