Челси остана без важен фудбалер пред пеколниот распоред!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси славеше со 2-1 против Динамо Загреб со пресврт во шестото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), но победата падна во сенка на повреда на важен фудбалер.

Во судиското надополнувње на „Стемфорд бриџ“ се повреди англискиот репрезентативец Бен Чилвел, па поради тоа го чека долга пауза според првите прогнози.

Тренерот на Челси, Грем Потер призна дека Чилвел нема шанси да заигра на Мундијалот во Катар, а тоа значи и дека ќе ги пропушти следните натпревари на премиерлигашот, кој треба да игра против Арсенал, Њукасл и Манчестер сити пред почетокот на Мундијалот.

Ова е нов удар за Чилвел, зашто минатата година имаше сериозна повреда и мораше да паузира неколку месеци.