Челси отворен да ја прифати понудата од Јувентус за размена на играчи


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Од редовите на Јувентус го посакуваат фудбалерот на Челси, Жоржињо, а за него како размена го нудат босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ.

Оваа вест ја пренесе „Скај Италија“ кој пренесува дека Сари сака повторно да работи со Жоржињо со кого работеше и во Наполи и во Челси.

Фудбалерот од средниата на теренот има уште три години од договорот со Челси, па нема да биде евтин за Јувентус кој го нуди Пјаниќ како директна замена за него.

„Гардијан“ пишува дека Челси се согласил за ваква трампа, па наскоро би можело се да биде официјализирано.