Челси планира да ангажира двајца фудбалери со кои би бил далеку подобар следната сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Лондон Ивнинг Стандард“ јавува дека од таборот на Челси се сериозно заинтересирани во летниот преоден рок да донесат две големи засилувања.

Станува збор за голманот на Ајакс, Андре Онана кој веќе најави дека ќе си замине од клубот по крајот на сезоната. Онана би пристигнал како замена за Кепа Аризабалга кој ќе биде ставен на трансфер листа.

Челси е заинтересиран и за одличниот млад италијански репрезентативец и член на Фиорентина, Федерико Киеза. И Киеза ќе си оди од клубот ова лето, а за него има интерес и од тимот на Јувентус.