Челси по 19 години остана без вториот најважен човек во клубот


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доскорешниот претседател на Челси, Брус Бак се повлекува од функцијата по 19 години, а тоа го потврди клубот преку социјалните мрежи.

Американецот, кој беше во таа улога, откако Роман Абрамович стана газда во 2003 година, ќе продолжи да го поддржува клубот, но нема повеќе да биде претседател.

Челси минатиот месец беше купен од конзорциумот, кој го предводи газдата на бејзбол тимот Лос Анџелес доџерс, Тод Боли.

„Брус го донесе Челси до највисоко ниво во меѓународниот и домашниот фудбал. Му благодариме за сè што направи за клубот“, кажа Боли.

Машкиот тим на Челси во ерата на Брус освои 18 трофеи, додека жените се закитија со 12 пехари.