До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Енцо Фернандез предизвика шпекулации за својата иднина во Челси со изјава по тешкиот пораз од Париз Сен-Жермен во Лигата на шампионите. Аргентинецот, кој ја носеше капитенската лента наместо повредениот Рис Џејмс, изјави дека не знае што носи летниот трансфер период. Неговата изјава дојде откако Челси во вторник навечер на Стамфорд Бриџ загуби со 3:0, со што се потврди вкупниот пораз од 8:2 и испаѓање од Европа, пишува „Дејли Мејл“.
Името на 25-годишниот играч од средниот ред веќе некое време се поврзува со трансфери во други клубови, вклучувајќи ги ПСЖ, Реал Мадрид и, во последно време, и клубовите од Саудиска Арабија. Се чини дека Фернандез со своите коментари не придонесе да се смират тие гласини.
Говорејќи за ЕСПН Аргентина, Фернандез за својата иднина изјави: „Не знам. Имаме уште осум натпревари и ФА куп. Следи Светското првенство, а потоа ќе видиме.” Фернандез дојде во Челси во 2023 година од Бенфика за тогаш рекордни 106,8 милиони фунти, а се верува дека има договор кој го врзува со клубот до 2032 година.















