Челси почна преговори со Рајола: Лампард има изненадување за навивачите?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Челси почнал преговори со Мино Рајола, агент на некои од најпознатите фудбалери во светот.

Причината поради преговори е голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума. Рајола неодамна кажа дека младиот чувар на мрежата има други приоритетии, па Челси сака да ја искористи ситуацијата.

Свесни се дека пред нив е тешка мисија, а проценката е дека Донарума вреди околу 50 милиони евра, дури и во ситуацијата во која во моментов се наоѓа.

Сепак, сакаат да пробаат и да го купат, а останува да видиме дали ќе успеат во намерата.