Челси подготви 90 милиони евра за Хрват, а тој „потврди“ дека би заиграл во Лондон


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Премиерлигашот Челси сака да ангажира уште еден фудбалер на Лајпциг, а изборот паднал на хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол, како што се шпекулираше и пред неколку месеци.

Лајпциг минатото лето одби понуда од 80 милиони евра за неговиот потпис, но Челси не се откажува и планира да плати 90 милиони евра за наследникот на Тиаго Силва во екипата.

Хрватот е еден од најдобрите дефанзивци во светот, а привлече внимание и со неговите настапи на Мундијалот во Катар.

„Приказната за мене и Челси? Не знам. Ќе видиме што ќе се случи во следните месеци. Мојот агент се грижи за мојата кариера. Во моментов сум среќен во Лајпциг, но никогаш не се знае, ќе видиме што ќе се случи“, кажа Гвардиол.