Челси подготвува понуда за Фелипе Кутињо?


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Од раководството на Челси подготвуваат понуда за бразилскиот интернационалец од редовите на Барселона, Фелипе Кутињо.

Кутињо во моментов настапува во редовите на Баерн Минхен како позајмен фудбалер, а клубот од Бундеслигата има право на откуп на неговиот договор.

Сепак, доколку Баварците не се одлучат да го откупат, од Челси ќе испратат понуда до Барселона за услугите на фудбалерот кој блескаше во Премиер лигата носејќи го дресот на Ливерпул.