Челси постигна договор: Тухел добива засилување од 65 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Челси се договорил со Севиља за трансферот на Жил Кунде, објавија британските медиуми.

Британски „Сан“ објави дека Севиља ќе добие 65 милиони евра за Кунде, кој во следните два дена ќе има медицински прегледи и ќе ѝ се приклучи на екипата на турнејата во САД.

Челси одамна беше заинтересиран за Французинот и за малку ќе го ангажираше во јануари, но сепак не успеа во својата реализирање на својата идеја.

Откако ќе има медицински прегледи, 23-годишниот фудбалер ќе стане трето засилување на „сините“, кои претходно ги купија Рахим Стерлинг и Калиду Кулибали.

Кунде за Севиља одигра 133 меча во сите натпреварувања и постигна девет гола.