Челси потврди ново засилување кое може да игра на – три позиции!


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси ангажира ново засилување за следната сезона, односно го потврди трансферот на Ренато Веига од Базел.

„Сините“ ќе исплатат 14 милиони евра за трансферот на Веига, кој може да игра дури на три позиции, и тоа како лев бек, централен дефанзивец и играч за врска.

Веига е роден во 2003 година и е голем португалски талент, а со Челси потпиша договор до јуни 2032 година.

Португалецот треба да добие шанса во првата екипа на тренерот Енцо Мареска, а најверојатно ќе го замени Марк Кукуреља на позицијата лев бек.