Челси прави ремонт на нападот: Фофана замина, на ред се – Лукаку и Обамејанг!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Англискиот гигант Челси пред неколку дена го испрати Датро Фофана на позајмица во Унион Берлин со цел да добие искуство и потоа да се врати во клубот од Лондон, а во следниот период се очекува да заминат и Ромелу Лукаку и Пјер-Емерик Обамејанг.

Новинарот на „Скај Италија“, Џанлука Ди Марцио објави дека Интер подготвува понуда од 35 милиони евра за потписот на 30-годишниот напаѓач.

Лукаку сака да потпише за Интер, но најверојатно Челси ќе бара повеќе пари и во следниот период се очекува да биде решен и овој проблем во Лондон.

Уште еден напаѓач кој треба да замине е Обамејанг. Тренерот Маурицио Покетино му кажал да не доаѓа на подготовките за новата сезона и да си најде нов тим, а интерес за неговиот потпис постои од Саудиска Арабија.