Челси пред сериозна казна – суспензија или одземање бодови!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Премиерлигата во моментов води истрага против Челси поради нерегуларности кои се случиле за време на Роман Абрамович.

Нерегуларностите ги пријавиле новите газди на чело со Тод Боели, па поради тоа клубот во јуни минатата година беше казнет со 10 милиони евра.

Челси, сепак, нема да се спаси само со 10 милиони евра, туку постои можност да добие забрана за трансфери или да му бидат одземени бодови.

Големата активност на „сините“ во летниот преоден рок би можела да значи дека се свесни за потенцијалната закана од забрана.