Челси пронајде идеално решение за одбраната, замената на Рудигер доаѓа од Франција?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Челси би можела на крајот на сезоната да остане без Антонио Рудигер затоа што му завршува договорот, па премиерлигашот веќе бара негова замена.

Француските медиуми пишуваат дека едно од потенцијалните засилувања на лондонскиот тим би можел да биде дефанзивецот на ПСЖ, Преснел Кимпембе.

Дефанзивецот на парижаните се докажа како еден од најдобрите стопери на новата генерација, па добива стандардно место во репрезентацијата на Франција.

Тренерот на Челси, Томас Тухел сака повторно да соработува со Кимпембе кој е проценет на 40 милиони евра, што е прифатлива цена за премиерлигашот.

Сепак, се поставува прашањето дали ПСЖ сака да го продаде Кимпембе со оглед на тоа дека има договор со него до 2024 година.