Челси се договорил со една од најголемите ѕвезди на Ајакс!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Челси го договорил првото летно засилување, а станува збор за еден од најдобрите фудбалери на Ајакс, Хаким Зијех.

Челси имаше забрана за ангажирање фудбалери во летниот преоден рок, а таа ја искористија за да го подмладат составот. Клубот притоа остана во топ-4 во Премиерлигата, па тие сметаат дека екипата има добра основа и треба да донесат само нови засилувања за подобри резултати.

Во зимскиот преоден рок не ангажираат ниту еден фудбалер, кој може да игра во првиот тим, но затоа на лето имаат план да купат неколку играчи, а еден од нив е Зијех, кој наводно има договор со Челси, а трансферот ќе изнесува 45 милиони евра.

Зијех беше желба на „сините“ уште во јануари, но Ајакс не сакаше да продаде уште еден фудбалер од екипата, откако претходно се збогуваа со Матијас де Лихт и Френки де Јонг.