Челси се „коцкаше“ против Лестер, но обезбеди полуфинале во ФА-купот (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси славеше против Лестер со 4-2 во четвртфиналето на ФА-купот и така се доближи до уште едно финале оваа сезона, откако првото во Лига Купот го загуби од Ливерпул.

Челси водеше со головите на Кукурелја и Палмер во првото полувреме, но потоа Дисаси си постигна автогол, а стрелаше и Мавидиди за 2-2.

Лестер потоа остана со фудбалер помалку откако црвен картон му беше покажан на Дојл, а победата за „сините“ ја обезбедија Чуквуемека и Мадуеке.