Челси се надеваше дека сè е договорено, па доби корпа во последен момент!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Иако пред неколку дена се шпекулираше дека Челси наскоро ќе потпише со Кристоф Фројнд кој требаше да биде нов спортски директор на тимот, сепак тоа нема да се случи.

Англиските медиуми објавија дека двете страни се договориле, па останало само официјално да се потврди соработката, но тоа очигледно не е вистина.

Фројнд е познат како човек кој го откри Ерлинг Халанд и затоа Челси сакаше да го ангажира, но тој вели дека ќе остане во Салцбург, иако имало понуда од Лондон.

По шпекулациите се јави и првиот човек на Салцбург, Стефан Ројтер.

„Кратко и јасно, тој не оди никаде“, кажа Ројтер.

Фројнд има соработка со Салцбург до 2026 година, а во клубот сакаат да остане барем до крајот на својот договор.