Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англискиот гигант Челси се бори за потписот на Моисес Каиседо, иако делуваше дека еквадорскиот репрезентативец ќе заврши во Ливерпул, откако „црвените“ се договорија со Брајтон за трансфер вреден 127 милиони евра.
Каиседо кажа дека не сака да потпише за Ливерпул и ќе го почека Челси, а тоа го вклучи „алармот“ во Лондон, кој реши да ја засили понудата, но тоа значеше и откажување од потписот на Тајлер Адамс.
Адамс требаше да го напушти Лидс и за 20 милиони фунти да се пресели во Челси, но трансферот засега нема да се реализира бидејќи „сините“ се посветени само на Каиседо.