Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Челси е обвинет од страна на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) за 74 наводни прекршувања на правилата во врска со плаќањата на фудбалските агенти во периодот меѓу 2009 и 2022 година.
Посебно се истакнува периодот од 2010 до 2016, а лондонскиот клуб има рок до 19 септември да одговори на обвиненијата.
Можните казни вклучуваат парична казна, забрана за трансфери или одземање на бодови, но ќе се земе предвид и соработката на клубот.
Челси, според сопственото соопштение, самиот пријавил нерегуларности откако новиот сопственик Тод Боели го презеде клубот од Роман Абрамович во 2022 година.
УЕФА во 2023 веќе казнила Челси со 8,6 милиони фунти поради непотполно финансиско известување.
Меѓу спорните трансфери се и доаѓањата на Ето и Вилијан од Анжи во 2013.
Фото: Chelsea FC/FB