Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англискиот гигант Челси го купи Николас Џексон од Вилјареал за 37 милиони евра и со 22-годишниот напаѓач потпиша осумгодишен договор.
Овој напаѓач минатата сезона настапи на 38 меча и притоа постигна 13 гола во шпанската Ла Лига, но девет од нив беа на последните осум натпревари.
Џексон во јануари требаше да потпише за Бормут, откако клубовите постигнаа договор, но трансферот пропадна откако фудбалерот не ги помина медицинските прегледи поради проблеми со тетивата.
Ова е второ засилување за Челси во летниот преоден рок, по доаѓањето на Кристофер Нкунку од Лајпциг.