Челси си најде нов напаѓач во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси бара ново решение во нападот, откако Армандо Броја и Николас Џексон не импресионираа премногу, а изборот паднал врз фудбалер од Премиерлигата.

„Сините“ планираат да го купат Џон Дуран од Астон вила, кој оваа сезона одигра вкупно 23 меча за тимот од Бирмингем и постигна четири гола и една систенција.

Дуран во моментов е повреден и ќе паузира во следните недели, па засега не е познато колку би бил паметен ваков потег на „сините“, кои ќе дискутираат на состанок за можноста да го купат.

Потенцијалниот трансфер на Дуран во Челси ќе изнесува околу 17 милиони евра.