До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англиските медиуми објавија дека Челси со самодоверба го очекува исходот од желбата, па веруваат дека казната ќе им биде прекината и ќе може во јануари да купуваат засилувања.
Синоќа скаутите на Челси го гледаа Сергеј Милинковиќ-Савиќ против Селтик, па се верува дека тој би можел да биде нивното прво засилување во зимскиот преоден рок.
Исто така, тренерот Франк Лампард сака двајца нови напаѓачи, а сопственикот Роман Абрамович е подготвен да даде пари за Тимо Вернер, како и Калум Вилсон, кој е одличен во Борнмут.
Тренерот на Челси смета дека Тами Абрахам мора да добие поддршка во нападот, зашто не му верува на Оливие Жиру кој сака да го напушти клубот, а нема баш добро мислење ниту за Миши Батшуаи.















