Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Од таборот на Челси со официјално соопштение се огласија по официјалното заминување на Еден Азар од клубот.
„Челси и Реал Мадрид постигнаа договор за трансферот на Еден Азар во шпанскиот клуб. Трансферот е предмет на комплетирање на медицинските прегледи и официјално потпишување на договорот со Реал Мадрид.
Азар си заминува од Челси како еден од најдобрите играчи во историјата. Тој помогна на тимот да се освои Премиер лигата во два наврати, Европа лигата два пати, ФА Купот и Лига Купот по еднаш. Тој е избиран рекорден број пати, четири, како играч на годината во Челси“ –стоеше во официјалното соопштение од Челси.