Челси со контра-удар за санкциите кои ги доби од Владата на В. Британија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот гигант Челси се соочи со голем број санкции од Владата на Велика Британија поради тоа што нивниот газда Роман Абрамович е Русин.

Челси поради тоа реши за натпреварот во четвртфиналето од ФА-купот против Миделсбро да не пушти навивачи на трибините поради „спортскиот интегритет“ затоа што не може да продава влезници.

Премиерлигашот, кој поднесе барање до управниот одбор на Фудбалската асоцијација, се соочува со ограничувања од Владата и не може да прави трансфери и да потпишува нови договори.

„За натпреварувањето е важно дека мечот против Миделсбро ќе се одигра, но бараме од одборот на ФА да реши да се игра зад затворени врати поради спортски интегритет“, соопшти Челси.