Челси со неверојатен статистички податок во кој тешко може да се поверува


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Челси денеска едвај стигна до реми на натпреварот против Вест Бромвич Албион во кој во првиот дел примија дури три погодоци.

Со овие три гола во мрежата на Вили Кабаљеро Челси постави неславен рекорд. Од почетокот на минатата сезона Челси е тимот кој примил најмногу голови на гостински терен.

Со денешните три примени гола Челси има вкупна бројка од 42 примени погодоци на гости, а зад нив остана дури и Норвич кој испадна од Премиер лигата.