Челси со рутинска победа на гостувањето кај Брајтон


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Екипата на Челси славеше рутинска победа од 3:1 на гостувањето кај Брајтон во првото коло од Премиер лигата.

Избраниците на Френк Лампард не блескаа на теренот, но одиграа онолку колку што е потребно за да ги однесат трите бода од „Амекс“.

Резултатот го отвори Жоржињо со гол од пенал и со 1:0 се замина на полувреме.

Веќе во вториот дел видовме повеќе голови и повозбудлив натпревар. Најпрво на 1:1 израмни Тросард во 54. минута, но само две минути подоцна го видовме и потегот на натпреварот.

Младиот бек на Челси, Рис Џејмс упати проектил од далечина и го совлада Рајан за водство од 2:1.

Конечниот резултат на средбата го постави дефанзивецот Курт Зума кој го искористи центаршутот на Џејмс.