Челси стави на маса 65 милиони евра за замена на Енцо Фернандез: Договорот е сè поблизок!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Очигледно Челси не сака да го чека последниот момент, бидејќи лондонскиот клуб направи голем чекор кон ангажман на фудбалер кого го гледа како потенцијална замена за Енцо Фернандез.

Според информациите кои доаѓаат од Англија, приоритет за Челси е пред евентуалната продажба на Фернандез да обезбеди соодветна замена, а Ману Коне е една од најважните опции.

Францускиот играч за врска во моментов го носи дресот на Рома, а интересот на Челси за него во последните денови стана сѐ поконкретен.

FootballTransfers тврди дека Челси веќе постигнал договор со самиот Коне за личните услови, по што клубот дополнително ги засили напорите за завршување на трансферот пред затворањето на трансферниот период.