Челси троши 60 милиони евра за фантастичен напаѓач!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лондонскиот гигант Челси е на добар пат да го ангажира Кристофер Нкунку од Лајпциг за 60 милиони евра, иако двете екипи во моментов преговараат за пониска отштета.

„Телеграф“ објави во средата дека Челси го следи Нкунку, а сега планира да направи и конкретен чекор за негов ангажман, а тоа го најави и специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

Нкунку минатата сезона постигна 35 гола во сите натпреварувања, додека четири од нив беа во германскиот Куп.

Челси се обидува да го договори Нкунку за помала сума од Лајпциг, но германскиот тим во моментов не попушта, па доколку не падне договор набрзо, тогаш дефинитивно ќе платат 60 милиони евра колку што ќе биде откупната клаузула.