Челси успеа да анулира негатива од три гола и со бод се враќа од гостувањето на „Хоутронс“

Екипата на Челси успеа да ја анулира високата негатива која ја имаше по првите 45 минути на гостувањето кај ВБА на „Хоутронс“.

Избраниците на Славен Билиќ поведоа со неочекувани и доста убедливи 3:0 во првото полувреме, па работата на Челси во вториот дел беше пеколно тешка.

Сепак, гостинските фудбалери се созедоа од шокот и заиграа одлично во второто полувреме во кое во целост ја имаа контролата на играта.

Резултатот на 3:1 го намали Мејсон Маунт, вториот гол за Челси го постигна Хадсон Одои, додека последниот израмнувачки погодок беше дело на Тами Абрахам во последните моменти од натпреварот.