Челси во очај му го нуди Стерлинг на Арсенал – познати се условите!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во завршницата на преодниот рок се очекуваат големи возбудувања, а во еден од трансферите би можел да биде вклучен Рахим Стерлинг.

Енцо Мареска го отпиша Стерлинг, па затоа Челси бара начин како да се ослободи од Англичанецот.

Пред неколку дена постоеше опција да се пресели во Манчестер јунајтед, но таа идеја пропадна, па сега Челси му го нуди својот играч на Арсенал.

Англиските медиуми пишуваат дека Челси нема да бара пари за возврат за позајмица, туку само Арсенал да ја покрие неговата плата.