Челси во потрага по засилување – Фернандез, Каисидо или некој трет?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


До крајот на преодниот рок останаа уште пет дена, но очигледно Челси не завршил со засилувањата, иако беше најактивен во јануарскиот преоден рок.

„Сините“ се обидуваат да ангажираат уште едно засилување во средниот ред, а заинтересирани се за неколку фудбалери.

Челси прво се обиде да го добие Енцо Фернандез со кој ги договори личните услови, меѓутоа Бенфика не попушта и бара 120 милиони евра.

Друга опција на „сините“ им беше Каиседо од Брајтон, но премиерлигашот не сака да го продаде талентираниот фудбалер за помалку од 100 милиони евра.

Потер бара друга опција, а сега се шпекулира дека последно име на листата со желби е Онана од Евертон за кој е заинтересиран и Арсенал, а вреди околу 35 милиони евра.