Челси во проблеми пред финалето во ЛЕ: Се повреди важен фудбалер во пријателски меч! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Челси на 29 мај ќе го игра финалето во Лига Европа (ЛЕ), а противник ќе им биде градскиот ривал Арсенал.

Меѓутоа, тренерот на Челси, Маурицио Сари ќе се соочи со големи проблеми, зашто нема да може да смета на Рубен Лофтус-Чик, кој се повреди во победата од 3-0 против Њу Ингланд во пријателски меч.

„Сините“ по завршување на сезоната во Премиерлигата заминаа во САД, за да одиграат пријателски меч, но тоа ги чини многу скапо.

Лофтус-Чик во еден момент падна на тревникот и се фати за ногата, а најверојатно станува збор за повреда на Ахиловата пета, па би можел да паузира долг период, односно до почетокот на идната сезона, а можеби и повеќе.