Челси за 25 милиони фунти зема конкуренција за Кепа

Премиерлигашот Челси се засили со голманот на Брајтон, Роберт Санчез за вкупна сума од 25 милиони фунти.

„Сините“ за трансферот ќе платат 20 милиони фунти, а дополнителни пет ќе исплатат во бонуси.

Санчез наскоро треба да ги помине медицинските прегледи и потоа ќе го облече дресот на гигантот од Лондон.

Челси продолжува со преговорите за трансферот на Мојсес Каиседо од Брајтон.