Челси забрзано преговара за трансфер на ѕвезда од Премиер лигата


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


По успешно завршениот лекарски преглед и потпишан договор со Џејми Беноа-Гитенс, „сините“ целосно го насочија вниманието кон ангажирање на Жоао Педро, напаѓачот на Брајтон.

Претходно, Њукасл се обиде двапати со понуди за бразилскиот фудбалер, но тие беа одбиени од Брајтон. Сега, Челси активно работи на зделката за да обезбеди потпис на младиот и талентиран 22-годишен напаѓач.

Клубот е убеден дека Педро ќе внесе свежина и напаѓачка острина во тимот. Преговорите меѓу клубовите се интензивни, со цел трансферот да биде финализиран во најкраток можен рок.

Фото: Принтскрин