Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Летниот трансферен период заврши на Островот, но Челзи веќе размислува за иднината и следната година, а сега англиските медиуми објавија некои од плановите.
Во поголемиот дел од европските лиги, летниот трансферен период е завршен и сè е познато што се однесува до играчкиот кадар.
Еден од најактивните клубови на Островот ова лето на трансфер пазарот беше лондонскиот Челзи.
На Стамфорд Бриџ пристигнаа меѓу другите и Алехандро Гарначо, Жоао Педро, Џејми Гитенс, Лијам Делап, Џарел Хато…
Сините сериозно се засилија ова лето и главниот тренер – Енцо Мареска доби целосна поддршка од управата.
Сега, англиските медиуми, поточно „TBRFootball“ откриваат одредени планови што ги имаат лондонските Сини.
Имено, како што наведува овој извор – Челзи следното лето ќе тргне по двајца играчи, а тоа се Марк Гехи и Мик Мањан.