Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот ракометен тренер Лино Червар во јануари ќе се обиде со Хрватска да оствари што е можно подобар пласман на Светското првенство во Египет, а за хрватските медиуми зборуваше на повеќе теми.
Червар зборуваше и за најдобрите фудбалери во светот, а тоа се Кристијано Роналдо и Лионел Меси, при што направи споредба.
„Кога се странските играчи во прашање, најдобар е Никола Карабатиќ. Тој е вистински ас, се што не е пример Лионел Меси. Меси е ас само во медиумите. Кристиано Роналдо е победник како Балиќ и Карабатиќ во ракометот. Барса минатата сезона прими осум гола од Баерн и каде беше тој? Требаше да биде човекот кој ќе ја превземе одговорноста. Затоа за мене тој е губитник, а Роналдо победник. Ако беше толку голем со Аргентина ќе станеше светски шампион. Од друга страна Роналдо секогаш се појавува кога е најпотребен на својот тим“, кажа Червар.