Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Косово вчера во Приштина успеа да слави со 2-1 против Чешка во меч од квалификациите за Евро 2020.
Чешка водеше со 1-0, но потоа Косовците успеаа да направат пресврт и да победат, па така сега имаат осум бода и се наоѓаат на второ место во групата, веднаш зад Англија.
Пред мечот имаше многу напнатост, откако навивачите на Чешка планираа да направат инцидент со дрон кој требало да носи натпис „Косово е Србија“.
Сепак, полицијата реагирала навреме, па им ги одземала предметите на навивачите при претресот на една група.
Еден чешки навивач скандирал „Косово е Србија“, по што бил нападнат од страна на двајца Косовци, кои го нокаутирале постариот човек.