ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Францускиот интернационалец Оливие Жиру не игра многу под водство на Френк Лампард во Челси и скоро сигурно ќе си замине од клубот во јануарскиот преоден рок.
Интересно е тоа што за поранешниот напаѓач на Арсенал има голем интерес на одлични клубови ширум Европа.
Предничи интересот на Интер кој подолго време се распрашува за францускиот напаѓач, а подолго време се шпекулира дека и Атлетико Мадрид го посакува Жиру во своите редови.
Во последен период се пишуваше дека и Рома може да тргне по услугите на искусниот фудбалер, а сега „Гол“ пренесува дека за Жиру има интерес и од францускиот Бордо.