Четири репрезентативци на Ерменија се позитивни со ковид-19 пред дуелот со Македонија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонија денеска го игра последниот натпревар од Лигата на Нации против Ерменија, а нашиот ривал се соочува со проблеми затоа што четири нивни репрезентативци се позитивни на ковид-19. А освен тоа, има позитивни случаи и во стручниот штаб на Ерменија.

Ерменија соопшти дека позитивни се Сагрис Адамјан, Горг Газарјан, Андре Халешер и Григор Меликетсај, па тие нема да можат да настапат на денешниот дуел од 18 часот во Кипар.

И Македонија има големи проблеми со повреди, па дел од првотимците нема да можат да ни помогнат во денешниот дуел, а тоа се Елиф Елмас, Горан Пандев, Столе Димитриевски, Енис Барди…

Но, без разлика на тоа Македонија си ги враќа шансите да освои барем бод против Ерменија со што би ја задржала првата позиција во групата во Ц-дивизија, со што ни следи и пласман во Б-дивизја за следната сезона во Лигата на нации.