Четири ѕвезди на Манчестер јунајтед сакале да се пресметаат со навивачите!


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Одложувањето на дербито Манчестер јунајтед – Ливерпул поради навивачките нереди го одбележа минатиот викенд во Англија.

Нередите почнаа неколку часа пред мечот на „Олд Трафорд“, а една група влезе на стадионот каде што бараше оставка од семејството Глејзерови.

Англиските медиуми пишуваат дека четири фудбалери на Јунајтед сакале да излезат пред навивачите и отворено да зборуваат со нив.

Хари Мегваер, Бруно Фернандеш, Немања Матиќ и Скот Мектоминеј барале дозвола за да разговараат со бесните навивачи, меѓутоа не добиле зелено светло.