Четири ѕвезди на Реал Мадрид се во топ-10 за „Златната топка“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Вечерва ќе се објави освојувачот на „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, а во топ-10 има дури четири фудбалери на европскиот и шпански шампион Реал Мадрид.

Кристијано Роналдо се наоѓа на 20. место, а пред него се Луис Дијаз, Душан Влаховиќ, Касемиро, Вирџил Ван Дајк, Фабињо, Рафаел Леао, Себастијан Алер, Ријад Маре, како и Хеунг-Мин Сон.

Во топ-10 се наоѓаат уште четири фудбалери на Реал, а тоа се Модриќ, Винисиус, Куртоа и фаворитот за наградата Бензема, а тука се и Салах, Халанд, Мбапе, Мане, Левандовски и Де Брајне.