Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мексиканскиот напаѓач Хавиер Ернандез, попознат ккао Чичарито, ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Бундеслигата.
Најдобриот стрелец на Баер од Леверкузен од минатата сезона доживеа навистина бизарна повреда.
Мексиканецот падна од скали во својот стан и ја скрши коската во десната рака, поради што денеска мораше на една полесна операција. Поради оваа помалку смешна повреда Чичарито ќе паузира најмалку две недели, што потврдија од медицинскиот тим од Леверкузен.
Чичарито во минатата сезона одигра 28 натпревари и постигна 17 погодоци, а на својот нема да може да помогне во натпреварите од 1 и коло против Мехенгладбах и ХСВ.