Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Чикаго Булс ја прекина серијата од седум порази, победувајќи гостински со 129-126 Шарлот Хорнетс, а Џош Гиди постигна шест поени во последните 90 секунди за победничкиот тим. Натпреварот го заврши со 26 поени, 11 асистенции и седум скокови, а Коби Вајт додаде 20 поени за Булс, кои се одмаздија за поразот во истата сала пред две недели.
Кон Кнеупел беше најефикасен кај Шарлот со 33 поени и девет асистенции, а Мајлс Бриџис додаде 32 од кои 20 ги постигна во првото полувреме. Брендон Милер додаде 18 поени, додека Шарлот остана без ЛаМело Бол поради повреда на зглобот.
Далас Маверикс ја запишаа петтата победа во последните шест натпревари откако синоќа на свој терен со 119-111 беа подобри од Бруклин Нетс. Ентони Дејвис беше најдобар играч на Далас со 24 поени, 14 скокови, три украдени топки и два блока. Купер Флаг додаде 22 поени и осум асистенции за Далас. Мајкл Портер Jр. постигна 34 поени од кои шест тројки за Нетс.
.
















