Чикаго се засили со Горан Драгиќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ветеранот Горан Драгиќ се пресели во Чикаго булс, каде што ќе игра во следната сезона и за тоа ќе добие 2,9 милиони долари.

Неколку екипи се обидуваа да потпишат договор со еден од најискусните кошаркари меѓу слободните играчи, а една од нив беше Далас маверикс, кој сакаше да го спои со сонародникот Лука Дончиќ.

Далас не успеа да го договори Драгиќ, па очигледно пријателството со Дончиќ не беше доволно за да го убеди ветеранот да се пресели во неговиот тим.

Драгиќ ќе добива шанса од клупата на Чикаго, а ќе биде резерва за Лонцо Бол, иако тимот на таа позиција го имаат и Алекс Карузо.