Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тенисерите кои беа негативни на тестот на Ковид-19 се јавија со пораки за поддршка до останатите заразени од вирусот.
Андреј Рубљев и Марин Чилиќ се едни од 22 тестирани на коронавирус, од кои тројца беа позитивни.
„По синоќешниот развој на настаните во Задар и прекинот на Адриа Тур, сакам да ве известам дека направив тест и тој е негативен. Иако немам никакви симптоми, решив да одат во самоизолација. Ако има некакви промени, ќе ве известам“, потврди Чилиќ.
Рубљев кажа дека и тој не бил позитивен на вирусот.
„Здраво на сите. Сакав да ви кажам дека сум добар и здрав. Бев негативен на тестот. Се што се случува во моментов е наша одговорност. Ова е глобален проблем и влијае на нас. Мора да помогне и да спречиме ширење на вирусот“, кажа Рубљев.