Читателите на „Би-Би-Си“ го избраа најдобриот тим во последната деценија во Премиерлигата (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би-Би-Си“ го објави тимот на деценијата во Премиерлигата според изборот на своите читатели, по анкетата која беше направена во претходниот период.

Експертите ја користеа статистиката по успех и должина на кариера на фудбалерите, како и мислењето на новинарите за да направат листа со најдобри фудбалери.

Омилената формација е 4-3-3 на дури 72% од читателите, а токму поради таа формација некои фудбалери како Давид Силва немаа свое место во тимот.

На голманската позиција е избран Давид де Хеа пред Петр Чех, а пред нив се наоѓаат Трент-Александер Арнолд со 19% гласови, по што следат Винсент  Компани (64%),  Вирџил Ван Дајк (50%) и Патрик Евра (23%).

Во средниот ред се Н`Голот Канте (37%), Стивен Џерард (42%), Кевин де Брајне (52%), а најмногу гласови имаше Серхио Агуеро (69%) во нападот, додека друштво му прават Хари Кејн (28%) и Еден Азар (54%).