Чориќ се јави на социјалните мрежи откако беше позитивен на Ковид-19! (ФОТО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хрватскиот тенисер Борна Чориќ однапред се извини на сите кои би можеле да се заразат од Ковид-19.

Тој беше тестиран во неделата и неговиот тест беше позитивен. Хрватот е еден од 22 луѓе кои беа во контакт со Григор Димитров, кој вчера објави дека е позитивен на вирусот.

Димитров се повлече од турнирот „Адриа Тур“ поради тоа што се чувствуваше лошо и тоа баш по мечот со Чориќ.

„Поздрав до сите, сакам да ве известам дека сум позитивен на Ковид-19. Ве молам сите кои бевте со мене во последните неколку дена да се тестирате. Жалми е ако сум ви направил проблеми“, напиша Чориќ.