Човек кој бил затворен и мачен во Арапските Емирати: Халанд е дел од тој режим!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Британецот Метју Хеџес бил уапсен, затворен и мачен во Обединетите Арапски Емирати поради шпионажа.

Хеџес е роден во Англија и работи за британска сајбер известувачка компанија, а дипломирал на Универзитет во Бредфорд.

Арапските емирати го обвиниле дека шпионирал во име на британската влада, а неговата сопруга Тејади кажа дека Хеџес бил во самица шест месеци, а во првиот месец морал да спие на подот и не смеел да се тушира.

Исто така, тој бил често тепан од затворската полиција, а Британецот во разговор со медиумите го спомена Ерлинг Халанд.

„И Халанд е жртва на режимот. Дел од одговорноста на јавна личност е да знае одредени теми, посебно кога станува збор за кршење на човековите права од страна на некои власти“, вели Хеџес.