Човекот кој го најави трансферот на Меси во ПСЖ: Не се точни шпекулациите…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лионел Меси е главна вест во целиот свет во претходните денови. Аргентинецот ги засени сите други случувања откако соопшти дека заминува од Барселона.

Меси се збогуваше од каталонскиот гигант пред неколку дена, по што почнаа шпекулациите дека ќе се пресели во ПСЖ.

Калифа бин Хамад Ал Тани, братот на газдата на ПСЖ, Насер Ал Келаифи уште еднаш ги убеди навивачите дека „светците“ ќе го ангажираат Меси.

Ал Тани пред неколку дена кажа дека договорот со Меси е постигнат и наскоро ќе се реализира, а вчера објави нова информација.

„Не се точни шпекулациите дека сега почнале преговорите, туку тие се 100% завршени. Го очекуваме Меси во следните 72 часа“, напиша Ал Тани.